Почина 17-годишен фудбалер на Јувентус, Пол Погба со тажна порака (ФОТО)

Младиот фудбалер на Јувентус, Брајан Додиен ја загуби битката со ракот на само 17 годишна возраст. На Додиен му беше дијагностициран рак во 2015 година, а еден од играчите кој постојано беше со него беше Пол Погба.

Французинот кој тогаш настапуваше за Јувентус на натпреварот против Торино во декември 2015 година постигна гол, а во прославата покажа маица со натпис: „Брајан со тебе сум“. Додиен се врати на фудбалот во 2019 година на мечот од У15 селекцијата на Јувентус, меѓутоа две години подоцна и потклекна на болеста.

„Најтажни вести. Сочуство со сите оние кои ги сметаше за блиски. Никогаш не е лесно да изгубиш некој кој го сакаш, но никогаш нема да те заборавам. Почивај во мир, Брајан“, напиша Погба на социјалната мрежа Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba)

Се вчитува...