Почина 18-годишен кинески фудбалер по тешка повреда на натпревар

Гуо Џиаксуан, поранешниот младински фудбалер на Баерн Минхен почина во Кина по повеќе од еден месец поминат во кома поради удар во главата заработен на пријателски натпревар.

Осумнаесетгодишникот на 6. февруари заработи големо крварње во мозокот по удар со колено во главата кој го спречи да функционира во целост.

И покрај брзата интервензија на брзата помош, како и спречувањето на крварењето во болница неговите шанси за преживување беа сведени речиси на нула. По барање на неговиот татко тој беше префрлен од Шпанија во Кина, но таму за жал, подлегна на повредите.

Се вчитува...