Почина англиски фудбалер, член на златната генерација 1966 година

Познатиот англиски фудбалер Џорџ Коен, членот на генерацијата која го освои Мундијалот во 1966 година, почина во 83-тата година од животот.

Коен цела кариера играше само за еден клуб – Фулам, а во дресот на Англија дебитираше 1962 година. Многу брзо стана стандарден првотимец во дресот на Гордио Албион, а четири години подоцна се искачи на врвот на Светот по победата во финалето над Западна Германија. Една година подоцна ја заврши репрезентативната кариера.

Од него се прости и фудбалскиот клуб Фулам, за кого Коен одигра 459 натпревари.

„Сите кои се поврзани со Фулам се многу тажни откако дознаа за смртта на еден од нашите најдобри играчи во ситоријата“, се вели во соопштението на тимот.

Се вчитува...