Тажна вест доаѓа од САД. Легендарниот Пет Вилијамс, еден од основачите на Орландо Меџик, почина на 84-годишна возраст, а неговото семејство се прости од него со емотивна порака.
„Имаме мир преку нашите скршени срца знаејќи дека е во прегратките на Исус. Тој беше најдобриот сопруг, татко, дедо и брат што некој може да ги посака, воин, херој, визионер“, напиша неговото семејство.
Вилијамс е роден во Филаделфија и во изминатите дванаесет години работеше како генерален директор на Филаделфија 76, каде што ја започна својата кариера како деловен менаџер во 1960. Тој беше човекот кој успеа да ги спои Шекил О’Нил и Пени Хардвеј во Орландо Меџик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА