Почина човекот кој од Комо направи сигурен калчолигаш

Мајкл Бамбанг Хартоно, милијардер од Индонезија кој беше ко-сопственик на Комо, почина во Сингапур на 87-годишна возраст.

Хартоно е еден од најбогатите луѓе во светот, беше на 76-то место на листата на Форбс. Угледниот весник го процени неговото богатство на 43,8 милијарди долари.

Вториот ко-сопственик на Комо е помладиот брат Роберт Буди Хартоно, со кого влегоа во проектот во 2019 година. Тогаш Комо беше во Серија Д, а сега е пред вратата на Лигата на шампионите.

Екипата на Сеск Фабрегас триумфираше против Рома со 2-1, па ја зазедоа четвртата позиција на табелата по 29-то коло од Серија А.

Се вчитува...