Почина човекот со најдолг стаж во НБА лигата

Легендарниот Ал Мекој почина на 91-годишна возраст.  Феникс санс се прости од радио водителот (коментатор) кој неверојатен број години ги следеше нивните натпревари. Имено, Мекој го има најдолгиот стаж во историјата на НБА со 51 година. И секој ден му беше верен на својот Феникс.

Првиот натпревар го имаше на 27 септември 1972 година, а минатата година мораше да се повлече поради старост.

„Ова е тажен ден за семејството Санс“, изјави легендарниот кошаркар Чарлс Баркли.

Мекој беше примен во Куќата на славните во Аризона во 2009 година. Тоа доволно говори за неговата важност за Феникс, но и за целата американска кошарка.

Се вчитува...