Почина Дик Фосбури, човекот кој ја револуционираше атлетика

Поранешниот американски атлетичар Дик Фосбури почина во неговиот дом на 76-годишна возраст. Олимпискиот шампион од 1968 година за секогаш ќе остане запомнет во светот на атлетиката како човекот кој го револуционираше скокот во вис со техниката која и ден денеска се користи и го носи неговото име.

Покрај освојувањето на златниот медал во Мексико, Фосбури постави и нов олимписки рекорд со скок од 2.24 метра.

Се вчитува...