Почина Дитер Херцог, со Германија во 1974 година стана светски првак

Германскиот фудбал е завиен во тага по веста за смртта на Дитер Херцог, кој почина на 79 годишна возраст. Тажната вест ја објавија неговите поранешни клубови, Баер Левекузен и Фортуна Дизелдорф.

Со германската репрезентација, Херцог стана светски првак во 1974 година. Тој придонесе за победите над Југославија и над Шведска. Две години по Мундијалот се пресели во Баер Леверкузен, каде што одигра 213 натпревари и постигна 37 голови. Таму ја заврши кариерата во 1983 година. Неговиот последен настап беше токму против својата поранешна екипа Фортуна.

Откако ја заврши кариерата, Херцог продолжи да работи како скаут за „фармецевтите“ до 2012 година.

Се вчитува...