ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Почина Драган Лабовиќ

Поранешниот српски кошаркар кој своевремено настапуваше и за македонскиот тим Карпош Соколи почина на 39-годишна возраст.

Лабовиќ важеше за голем талент на српската кошарка освојувајќи златни медали со младинската репрезентација. Сениорската кариера ја започна во ФМП со кој доживеа успех по што настапуваше во разни првенства како во руското, полското, турското… а и македонското каде имаше значајна улога во тимот од Карпош.

Лабовиќ во последното обраќање пред јавноста, на подкастот „Јао Миле“ откри дека се соочува со здравствени проблеми, но и други разни детали од приватниот живот, меѓу кои и лечењето во психијатриска болница.

Се вчитува...