Почина Дражен Далипагиќ, легендата на југословенската кошарка и поранешен тренер на МЗТ Скопје

Легендата на југословенската кошарка, еден од најголемите европски кошаркари во историјата, Дражен Далипагиќ почина на 73-годишна возраст.

Далипагиќ со успех го носеше дресот на Југославија освојувајќи бројни медали, а успех имаше и на клупско ниво со настапите за Партизан, Венеција, Реал Мадрид, Удине, Верона и Црвена Звезда.

По крајот на играчката кариера премина и во тренерските води. Еден од ангажманите му беше и во македонското првенство предводејќи го МЗТ Скопје во сезоната 1998/99.

Се вчитува...