Синоќа почина познатиот германски фудбалер и легенда на Милан, Карл-Хајнц Шнелингер. Човекот кој ги освои сите трофеи кои можеа да се освојат со „росонерите“, почина во болница во Милано, каде што живее со децении бидејќи токму во Италија и главниот град на Ломбардија направи фантастична кариера.
Поранешниот дефанзивец и репрезентативец на Германија играше на четири светски првенства, а голот го постигна на таканаречениот „натпревар на векот“ против Италија на Светското првенство во 1970 година. На клупски план освои се што требаше да се освои, а во 1962 година беше прогласен за најдобар играч во Германија.
Најголем белег остави во Милан со кој беше европски првак во 1969 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

