Почина еден од најдобрите колеџ тренери во историјата

Прославениот американски кошаркарски тренер Боби Најт почина на 84-годишна возраст, потврди неговото семејство преку објава на социјалните мрежи.

„Со тешко срце ве известуваме дека тренерот Боби Најт почина во својот дом во Блумингтон опкружен со своето семејство. Ние сме благодарни за сите мисли и молитви и го цениме континуираното почитување на нашата приватност бидејќи тренерот побара приватен семеен собир. Ќе продолжиме да го славиме неговиот живот и да го паметиме, денеска и засекогаш, како љубезен сопруг, татко, тренер и пријател“, стои во соопштението на семејството. 

Најт беше меѓу најдобрите тренери во историјата на кошарката, завршувајќи ја кариерата со 902 победи во 42 сезони во воената академија, Индијана и Тексас. Тој освои три НСАА титули со Индијана и го предводеше тимот на САД до златниот медал на Олимпијадата во 1984 година.

За време на годините поминати во Индијана, популарниот „генерал“ создаде голем број феноменални играчи, како што се Ајзеа Томас, Детлеф Шремпф и Волт Белами, додека беше тренер и на еден од најдобрите кошаркари во историјата Лери Брд.

Се вчитува...