Почина еден од најлегендарните фудбалери на Хајдук, Петар Надовеза

По тешка болест утрово во Сплит на 81 година почина легендарниот фудбалер, тренер, спортски директор на Хајдук, Петар Надовеза.

Поранешниот напаѓач кој е роден во Шибеник, 10 години беше незаменлив фудбалер на Хајдук, еден од најлегендарните во историјата. Во четири наврати го водеше клубот и како тренер, притоа освојувајќи ја шампионската титула во сезоната 2003/04.

Како играч Надовеза со Хајдук во 1971 година до шампионската титула во поранешна СФРЈ, а освои и три Купа на Југославија, меѓу кои и оној историскиот во 1967 година. До заминувањето во белгиски Локерен за Хајдук одигра 460 натпревари и постигна 296 година. Двапати беше најдобар стрелец на Југославија во сезоните 1965/66 и 1970/71.

Беше и репрезентативец на Југославија а играчката кариера ја заврши во 1975 година по две сезони одиграни во Белгија. Како тренер, покрај Хајдук, ги водел и Шибеник, јапонскиот Церезо Осака а беше и селектор на репрезентацијата на Габон.

Се вчитува...