Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал Ориентал Џејмс Симпсон, познат како О Џеј, почина на 76 годишна возраст, а веста за смртта ја соопшти неговото семејство.
Починал во кругот на семејството, откако боледуваше од канцер на простатата. Ситуацијата му се влошила во последните месеци, и завршил во болница.
На спортски план Симпсон ја освои наградата МВП на сзоната во 1973 година, а освои и многу индивидуални и тимски награди. Играше за две екипи во кариерата: Бафало Билс од 1969 до 1977 и за Сан Франциско од 1978 до 1979.
Симпсон одслужи девет години затвор поради вооружен грабеж во 2007 година, а на слобода беше од 2017 година. Симпсон се најде на насловните страници во САД во 1995 година кога беше обвинет за убиство на поранешната сопруга Никол Симпсон и негов пријател.
Американската јавност со денови расправаше за деталите за судењето, како што беа дали му одговара крвавата ракавица која била пронајдена на местото на убиството или не. Судењето ја подели Америка, а Симпсон подоцна беше ослободен од обвиниение, а на приватна парница која ја почнале од семејството на убиениот Рон Голдман, е прогласен за виновен, и требаше да плати отштета од 33,5 милиони долари, но до 2018 семејството добило само 500.000 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА