Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Динамо Загреб, Стјепан Ламза почина на 81 годишна возраст. Беше дел од легендарната генерација на „модрите“ која го освои Купот на саемски градови, единствениот меѓународен трофеј во историјата на хрватскиот клуб.
Посебно ќе се памети неговиот натпревар во полуфиналето против Ајнтрахт кога Динамо во неверојатна драма успеа да ја надокнади негативата од три гола по првиот меч во Франкфурт и со 4-0 да се пласира во финалето.
Беше познат како југословенскиот Џорџ Бест поради тоа што сакаше да ужива во животот, а со топката беше мајстор каков што можеби повеќе не се ни родил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА