Почина физиотерапевтот на Доминиканска Република

Физиотерапевтот на кошаркарската репрезентација на Доминиканска Република, Бладимир Регаладопочина од срцев удар при враќањето на тимот од Светското првенство.

Медиумите од оваа карипска земја ја пренесоа страшната вест дека Регаладо починал на враќање од Манила, а не долго после тоа, потврдија од Кошаркарската федерација на Доменикана.

„Со длабока тага ја потврдуваме смртта на Бладимир Регаладо, физиотерапевтот на нашата репрезентација. Нашето најдлабоко сочувство до неговото семејство. Почивај во мир Бладимир“, се вели во соопштението на Доминиканската кошаркарска федерација.

Се вчитува...