Физиотерапевтот на Лече, Грацијано Фиорита, кој повеќе од две децении работеше за јужниот италијански клуб, ненадејно почина на 41-годишна возраст, ден пред натпреварот од 34. коло во Серија А против Аталанта во Бергамо.
„Тимот веднаш се враќа во Лече, а утрешниот натпревар против Аталанта ќе биде одложен“, стои во соопштението на Лече.
Клубот соопшти дека нема зборови за неописливата трагедија и дека може да и помогне само на неговата сопруга Азура со која имаше четири деца, како и на мајка му Франческа.
Новиот датум на натпреварот се уште не е познат, а ова е второ одложување на натпреварите во Серија А оваа недела откако во понеделникот почина папата Франциско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА