Почина фудбалерот за кого Марадона своевремено изјави дека е подобар од него

Поранешниот фудбалер со хрватско потекло Томас Фелипе Карловиќ, кого своевремено Диего Армандо Марадона го прогласи за најдобар во светот им подлегна на повредите откако беше претепан во близина на неговиот дом во Росарио.

Тој веднаш беше хоспитализиран, но поради тежината на повредите на главата поради кои беше во кома не успеа да преживее.

Карловиќ кариерата ја заврши во 1986 година. Во 1993 година кога Марадона потпиша за Њуелс Олд Бојс изјави дека тој не е најдобриот фудбалер кој играл во овој клуб, туку дека тоа е Томас Фелипе Карловиќ.

Се вчитува...