Поранешниот голман на холандската репрезентација Јан Јонгблед, почина на 82-годишна возраст. Јонгблед 24 пати го чуваше голот на „лалињата“ и тоа во финалињата на Светските првенства во 1974 година против Германија (1-2) и во 1978 година против Аргентина (1-3).
Најголемиот успех му беше освојување на холандскиот шампионат во 1964 година со тимот на ДВС Амстердам. Бранеше до својата 45. година. Во холандската прва лига одигра 459 натпревари.
Имаше и скандал поврзан со него во 1965 година. Во дербито со Ајакс беше обвинет дека расистички го навредувал напаѓачот Бени Милер со кој играл во националниот тим. Доби забрана за играње од неколку натпревари.
Јонгблед доживеа трагедија во 1984 откако неговиот син, кој исто така бил голман, почина на терен откако го удрило гром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

