Почина Ѓорѓе Балашевиќ: Несуден центарфор на Војводина, голем фан на Ц. Звезда, романтикот кој напиша и песна за браќата Ѓуровски… (ВИДЕО)

Балканот е во тага по смртта на еден од најголемите уметници, кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ. Јавноста се простува со популарниот Ѓоле, кој почина на 67 годишна возраст како последица од коронавирусот.

Последен поздрав стигнува од сите страни на Балканот, а голем дел се и од спортските клубови и работници .Балашевиќ како млад има настапувано и за младинските екипи на Војводина, но уште тогаш сфатил дека фудбалската топка треба да ја замени со музиката на која и остана посветен до крајот на животот.

Сепак, љубовта меѓу према најважната споредна работа во животот, остана до самиот крај. Во 1982 година тој објави „сингл“ на кој се наоѓаше песната „Хеј чаробњаци, сви су вам џаци“ која беше посветена генерацијата на Црвена Звезда од која дел беа и браќата Бошко и Милко Ѓуровски.

 

Се вчитува...