Почина херојот од Светското првенство во 2002 година

Поранешниот репрезентативец на Јужна Кореја, Јо Санг-чул почина во 49 година од животот по повеќегодишна борба со рак.

Чул беше една од најголемите ѕвезди на Мундијалот 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, на кој токму Корејците завршија како четвртопласирани, а Чул беше во идеалниот тим на шампионатот.

Тој на тоа првенство се најде меѓу легенди како што се, Роналдо, Роналдињо и Олвер Кан. По првенството требаше да потпише со Тотенхем, но пропаднаа преговорите. Тој кариерата ја градеше во јапонското и корејското првенство, а за репрезентацијата одигра 124 натпревари на кои постигна осум гола.

Се вчитува...