Поранешниот менаџер на Лестер, Крег Шекспир, почина вчера по долга битка со ракот.
Како што информираа англиските медиуми, Шекспир почина на 60-годишна возраст, по деветмесечна битка со опасната болест.
Шекспир ќе остане засекогаш запаметен како тренер кој раководеше со Лестер во сезоната после шампионската кога го замени Клаудио Раниери. Во клубот остана до 2017 година и покрај тоа што стана првиот англиски тренер кој победил на четири старта во исто толку натпревари во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА