Легендарниот германски кошаркар Адемола Окулаџа, почина на 47. годишна возраст. Причината за смртта и натаму е непозната, но од порано се знае дека кошаркарот со години се бореше со рак.
Тој беше дел од германската репрезентација заедно со Дирк Новицки и Патрик Фемерлинг. Тој играше за националниот тим од 1995 до 2007 година, а долго време беше и капитен. Вкупно имаше 172 настапи за Германија, а во 2002 година освои бронза на СП во Индијанополис.
Окулаџа во својата кариера играше за АЛБА, Жирона, Барселона, Малага, Бенетон, Памеса, Келн, Химки, Аликанте и Бросе Баскетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

