Денеска на 76-годишна возраст почина легендарниот германски тренер Вернер Лорант. Ова го соопшти клубот Минхен 1860, каде што Лоран беше најдолго тренер (од 1992 до 2001 година).
Тренерот починал по долго боледување во болница во Васербург. Покрај Германија, тој работеше и во клубови од други земји.
Беше тренер во Фенербахче, Инчеон, АПОЕЛ, Сиваспор, Кајзери Ерчијеспор, Унтерахинг, Касимпаша, Лаионинг, работеше и во Дунајска стреда, и во неколку нисколигаши. Последен ангажман му бил пред шест години, во Халеин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА