Почина легендарен кошаркар на Њујорк никс и член на „Куќата на славните“

Легендарниот НБА кошаркар, Дик Барнет, почина на 88-годишна возраст. Тажната вест ја соопштија челниците на НБА лигата кои се огласија на социјалните мрежи каде го истакнаа следново:

„Дик одигра 14 НБА сезони со Њујорк Никс, Лос Анџелес Лејкерс и Сиракуза Нешналс, а како член на Никс освои шампионски титули во 1970 и 1973 година. Изразуваме длабоко сочувство до семејството Барнет“, стои во соопштението на НБА.

Покрај оваа објава се огласија и Њујорк Никс, франшизата во која Барнет се здоби со легендарен статус.

„За време на неговата голема кариера, Дик Барнет го отелотвори сето она што значи да се биде Њујорк Никс. На и надвор од теренот беше пример за вистински спортист, оставајќи длабока трага во историјата на нашиот клуб. Неговиот дрес засекогаш ќе виси под сводовите на Медисон Сквер Гарден, а неговите игри ќе ги паметат генерации навивачи“, стои во соопштението на Никс.

Барнет беше клучен играч во шампионските сезони на Никс во 1970 и 1973 година. Тој пристигна во НБА во 1959 година како петти пик на драфтот, а во текот на кариерата играше и за Сиракуза Нејшналс и Лос Анџелес Лејкерс, пред да стане член на Никс во 1965. Во Њујорк помина девет сезони и имаше просек од 15,6 поени по натпревар.

Се вчитува...