Почина легендарен руски гимнастичар кој освои десет медали на Олимписките игри

Легендарниот руски гимнастичар Александар Дитјатин, еден од најголемите гимнастичари на сите времиња, почина на 68-годишна возраст. Дитјатин е роден во Санкт Петербург во 1957 година и го плени спортскиот свет со своите достигнувања на Олимписките игри во Москва во 1980 година, кога освои осум медали. Три златни, четири сребрени и еден бронзен. Вкупно, во кариерата освои десет медали на Олимписките игри, вклучувајќи два сребрени од Монтреал во 1976 година.

Потоа, во 1980 година во Москва, освои осум медали, со што стана апсолутен индивидуален рекордер, а неговиот фантастичен дострел беше израмнет само двапати во иднина од американскиот пливач Мајкл Фелпс, на Игрите во Атина во 2004 година и во Пекинг во 2008 година.

Дитјатин, исто така, освои седум златни медали на светските првенства, како и два на европските првенства. Тој беше првиот гимнастичар во историјата што доби оценка 10 за својата вежба, која се одржа во прескок. Тој беше примен во Куќата на славните на гимнастиката пред 11 години. 

Се вчитува...