Почина легендарен тенисер кој има 19 гранд-слем титули

Поранешниот австралиски тенисер Фред Стол почина на 86-годишна возраст, соопшти Австралиската тениска асоцијација.

Фред Стол освои 39 титули во сингл во својата кариера, вклучувајќи два гранд-слем трофеи, Ролан Гарос во 1965 година и УС Опен во 1966 година.

Тој исто така освои 17 гранд-слем трофеи во конкуренција на машки и мешани двојки. Со репрезентацијата на Австралија трипати триумфираше во Дејвис купот, во 1964, 1965 и 1966 година.

По завршувањето на играчката кариера, Стол беше тениски тренер и коментатор.

Се вчитува...