Почина легендарната алпска скијaчка Рози Митермаер

Поранешната алпска скијачка и двократна олимписка шампионка, Рози Митермаер и мајка на скијачот Феликс Нојројтер, почина на 72-годишна возраст по долго боледување.

На Олимписките игри 1976 година во Инсбрук, Митермаер освои два златни медали – во спуст и слалом – и еден сребрен во велеслалом.

После тоа, таа го доби прекарот „Златна Рози“.

„Во куќата на моите родители цела соба беше полна со писма и пакети. Поштарот ни кажа дека за еден месец пристигнале 27.000 писма“, се присети Митермаер на златните времиња, на нејзиниот 70-ти роденден.

Митермаер основала семејство во Гармиш со нејзиниот сопруг, поранешниот скијачки ас Кристијан Нојројтер. Синот Феликс Нојројтер подоцна стана најуспешниот германски скијач во историјата на Светскиот куп.

Се вчитува...