Почина легендарната Анели Ерхарт

Поранешната германска спринтерка Анели Ерхарт почина на 75-годишна возраст. Анели Ерхарт го освои златниот медал за Источна Германија на Олимписките игри во Минхен во 1972 година во трката на 100 метри со пречки кога постави и светски рекорд – 12,59 секунди.

Успехот го повтори две години подоцна на Европското првенство во Рим со првенствен рекорд од 12,66 секунди.

Таа освои четири златни медали на Европското првенство во сала, вклучувајќи медали на 50 метри со пречки во 1972 година и медал на 60 метри со пречки во 1975 година. Последен пат таа се натпреваруваше на Олимпијадата во Монтреал во 1976 година, но не успеа да се пласира во финалето.

Се вчитува...