Легендарната бразилска тенисерка Марија Буено, освојувачка на 19 гранслем титули, почина во 78.година од животот. Таа ја загубила животната битка со канцерот. Во вторникот била примена во болница во Сао Паоло, а три дена подоцна е потврдено дека поранешната тенисерка ја загубила животната битка.
Буено во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век освои три титули на Вимблдон и четири трофеи на УС Опен.
„Ова е тажен ден за спортот. Бразил и целиот свет загубија вистинска тениска легенда“, се огласи Меѓународниот Олимписки Комитет.
Марија Буено поради елегантниот стил на игра ја нарекуваа „тениска балерина“. Во периодот од 1959 до 1966 година таа освои вкупно 19 гранслем титули, седум во сингл, 11 во дубл, и една во игра на мешани двојки. Од 1978 година, Марија Буено е дел од тениската Куќа на славните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА