Почина легендарната Милка Бабовиќ

Поранешната атлетичарка и ТВ новинарка Милка Бабовиќ почина денеска во Загреб на 93. годишна возраст, по компликации предизвикани од Ковид-19.

Бабовиќ е родена во Скопје во 1928 година, а во Загреб живееше од 1948 година. Како член на Младост беше атлетска репрезентативка на Југославија, а двапати и светска студентска репрезентативка на 80 метри со пречки. На Европското првенство во Берн во 1954 година беше петта на 80 метри со пречки.

Од 1949 се занимава со спортско новинарство, а од 1957 на Радио телевизија Загреб каде беше основач на спортската редакција и нејзин прв уредник. Поради специфичниот начин на коментирање стана заштитно лице на ТВ преносите во уметничко лизгање, нешто што и најмногу ја одбележа нејзината кариера.

Како репортер и коментатор работеше на ЛОИ во Рим 1960 и Минхен 1972 година, како и на ЗОИ во Инсбрук (1964 и и 1976), Гренобл (1968), како и на ЗОИ во Сараево 1984.

 

Се вчитува...