Шокатни вести стигнуваат утрово од Германија, откако е потврдено дека почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме.
Тој доживеал срцев удар кој за жал бил кобен, а оваа вест за германските медиуми ја потврди неговата сопруга Сузан Шафер.
Бреме ќе остане запаметен како човекот кој и ја донесе титулата на Западна Германија на Мундијалот 1990 година кога со гол од пенал во 85. минута ги постави конечните 1-0 против Аргентина на Диего Армандо Марадона.
Andreas Brehme ist im Alter von 63 Jahren gestorben, wie seine Lebensgefährtin Susanne Schaefer im Namen seiner Familie der Deutschen Presse-Agentur am Dienstag bestätigte. Brehme hatte 1990 im WM-Endspiel gegen Argentinien mit einem Elfmeter das Siegtor zum 1:0 erzielt. pic.twitter.com/8noynDQI2G
— Sky Sport (@SkySportDE) February 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА