Почина легендарниот англиски голман Гордон Бенкс

Светот на фудбалот остана посиромашен за уште една легенда откако утрово почина англискиот голман Гордон Бенкс. Семејството на Бенкс обелодени дека 81-годишниот поранешен англиски репрезентативец починал рано утрово.

„Со голема тага објавуваме дека Гордон почина мирно во текот на ноќта. Многу сме тажни што го загубивме, но имаме толку многу прекрасни спомени, не можеме да бидеме погоди што го имавме долги години крај себе“ – се вели во соопштението на семејството Бенкс.

Гордон Бенкс беше дел од англиската репрезентација која стана светски првак на СП 1966. Тој во својата кариера имаше 73 настапи за „гордиот албион“, а шест години ја добиваше наградата на ФИФА за најдобар светски голман.

Се вчитува...