Почина легендарниот бугарски тренер Димитар Пенев

Бугарската спортска јавност денеска тагув по Димитар Пенев, откако фудбалската легенда на нашиот источен сосед почина на 80-годишна возраст.

Пенев е главниот „виновник“ за историскиот успех на Бугарија на СП 1994 во САД, каде тој како селектор ја предводеше селекцијата на чело со Христо Стоичков до четвртото место на тој мундијал.

Тој го мина поголемиот дел од својата играчка кариера во дресот на ЦСКА Софија, играјќи како дефанзивец за најтрофејниот бугарски клуб со кој освои седум титули и пет национални купови.

Димитар Пенев настапуваше и за репрезентацијата на Бугарија, со која беше дел од СП во 1966, 1970 и во 1974 година. Репрезентативната кариера ја заврши со 90 настапи и два постигнати погодоци.

Веста за смртта на Димитар  Пенев пристигнува нецел месец по информацијата дека неговиот внук Љубо Пенев се бори со тешка болест во клиника во Германија.

Се вчитува...