Почина легендарниот голман на Вардар, Драган Симеуновиќ

На 72 годишна возраст денеска во Србија почина прославениот голман на Црвена Звезда и Вардар, Драган Симеуновиќ.

Симеуновиќ беше истакнат голман на Црвена Звезда, но неговите најсветливи денови беа во дресот на Вардар настапувајќи како прв голман во сезоните 1978/79 и 1979/1980, под водство на легендарниот Часлав Божиновски. Токму настапите во вардаровиот дрес во 1980 година го донесоа и до дресот на југословенската репрезентација.

Во кариерата беше играч и на ОФК Београд, Будуќност Подгорица но и неколку грчки клубови.

Се вчитува...