Почина легендарниот грчки тренер Јанис Јоанидис

Легендарниот грчки кошаркарски тренер Јанис Јоанидис почина на 78-годишна возраст. Јанис Јоанидис важи за еден од најголемите тренери во историјата на Грција.

Целата играчка кариера ја помина во Арис, а потоа како тренер водеше бројни клубови и репрезентацијата на Грција. Посебно се памети неговата соработка со Никос Галис и Панајотис Јанакис.

Како тренер освои вкупно 19 трофеи со Арис, Олимпијакос и АЕК (12 титули во грчкиот шампионат, шест грчки купови и еден Суперкуп). Три пати стигна до финалето на Евролигата, двапати со Олимпијакос (1994, 1995), еднаш со АЕК (1998).

Беше селектор на Грција во два наврати (1980-81 и 2002-03).

Се вчитува...