Почина легендарниот капитен на Ливерпул

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Рон Јејтс почина денеска на 86 годишна возраст. Поранешниот шкотски дефанзивец беше дел од тимот на Ливерпул кој ја освои втората дивизија на Англија во 1962 година.

Подоцна освои уште две титули, ФА Купот и Комјунити шилдот три пати. За Ливерпул одигра 454 натпревари, а повеќе од него има само Стивен Џерард.

Се вчитува...