Почина легендарниот напаѓач и почесен претседател на Реал Мадрид

Тажна вест го потресе европскиот првак Реал Мадрид пред вечерашното гостување на „Енфилд“ во Ливерпул. На 83-годишна возраст почина поранешниот напаѓач и почесен претседател на „кралевите“ Амансио Амаро.

За тимот на Реал, Амансио настапуваше од 1962 до 1976 година, и одигра 344 меча во шпанското првенство, и во тој период освои девет шампионски титули, еднаш стана европски шампион и три пати го освои Купот на Шпанија.

Од 1984 до 1985 година беше претседател на клубот, а во октомври 2022 година беше прогласен за почесен претседател на Реал Мадрид.

Се вчитува...