Почина легендарниот НФЛ тренер Џон Маден

Легендарниот НФЛ тренер, Џон Маден почина на 85 годишна возраст во својот дом во Калифорнија. Маден ги водеше Оукленд Рејдерс десет сезони од 1969 до 1978, а до титулата стигна во 1977 година.

По тренерската кариера работеше и како спортски коментатор до 2009 година. Во текот на коментаторската кариера доби дури 16 спортски Еми награди.

„Во текот на денот примивме тажна вест дека Џон Маден неочекувано почина. Во име на целата НФЛ заедница изразуваме длабоко сочувство до фамилијата. Сите го познаваме како тренер, коментатор, но пред се како посветен маж, татко и дедо. Никој не го сакаше НФЛ како него. Беше моја голема инспирација, но и на многу луѓе. Нема никој повеќе да биде како Џон Маден, никогаш нема да престанеме да му се заблагодаруваме за сето тоа што го направи за нашиот спорт“, изјави комесарот на НФЛ лигата, Роџер Гудел. 

Инаку Маден ќе остане запаметен и по тоа што НФЛ видео играта го носи токму неговото име.

Се вчитува...