Почина легендарниот Тери Венејблс

Познатиот англиски фудбалски стручњак Тери Венејблс почина во неделата на 80-годишна возраст. Соопштено е дека тој починал по тешка болест.

Во својата играчка кариера настапуваше за Челси, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Кристал Палас.

Како менаџер, тој водеше неколку различни клубови, како и фудбалската репрезентација на Англија. Со „гордиот Албион“ стигна до полуфиналето на ЕП во 1996 година.


Се вчитува...