На 82-годишна возраст почина легендарниот фудбалски тренер Лео Бенхакер, кој беше еден од најголемите фудбалски стручњаци на 20 век.
Неговиот последен ангажман во фудбалот беше во 2018 година како технички советник во Спарта Ротердам, а претходно во Холандија остави силна трага и во Ајакс со кој освои две титули.
Работеше и во Реал Мадрид, каде освои три титули во Ла Лига и освои еден Куп на Кралот и два шпански Суперкупа, а работеше и во Феенорд, на кој му донесе една титула во холандскиот шампионат.
Бенхакер беше селектор и на Тринидад и Тобаго, со кои играше на Светското првенство во Германија во 2006 година, за што го доби Орденот „Чаконија“, вториот најмоќен медал во таа земја.
Селекторската кариера ја започна во 1965 година, а како тренер работеше до 2009 година, кога беше селектор на Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА