На 89-годишна возраст почина Жист Фонтен, „кралот“ на стрелците на Светското првенство во 1958 во Шведска. Фонтен ќе остане запаметен како рекордер по постигнати голови на еден Мундијал – 13, рекорд кој и натаму не е надминат и до ден денешен.
Фонтен настапи само 21 меч за Франција, и постигна неверојатни 30 голови.
Играше за Казабланка, Ница и Ремс. По завршувањето на играчката кариера, ги водеше Лухон, ПСЖ, Тулус и селекцијата н Мароко.

Своевремено Пеле го прогласи Фонтен за еден од најдобрите играчи во Светот. Тој беше избран за најдобар играч на Франција во периодот од 1950 до 2000 година.
Légende du football français, l’ancien attaquant de Reims et des Bleus Just Fontaine est mort à l’âge de 89 ans. https://t.co/0eduzebs7r pic.twitter.com/OmHJBDegP6
— L’ÉQUIPE (@lequipe) March 1, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

