Почина лекарот кој му ја спаси кариерата на Ибрахимовиќ

Еден од најпознатите светски хирурзи Фреди Фу почина по тешка борба со ракот, ова е човек кој особено се исткн отккао успеа да му ја спаси кариерата на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

Фу со операција на коленото му помогна на Ибрахимовиќ во најтешките моменти да ја продолжи кариерата. Швеѓанецот на дуелот против Андерлехт во 2017 година се повреди и тоа можеше да биде крајот за него, но хирургот му помогна.

Ибрахимовиќ се јави со порака преку социјалните мрежи откако дозна дека Фу починал.

„Фреди Фу ми даде втора шанса во кариерата. Уште сум на врвот благодарение на него. Му должам сѐ. Ти благодарам Фу. Почивај во мир“, напиша Ибрахимовиќ.

Се вчитува...