Европскиот фудбал го загуби основоположникот на Лигата на шампионите. Швеѓанецот Ленард Јохансон, поранешниот претседател на УЕФА, почина во 89. година од животот по кусо боледување. Тој имаше клучна улога во реформирањето на Купот на европските шампиони и создавањето на денешната Лига на шампиони во фудбал.
Јохансон беше на чело на УЕФА од 1990 до 2007 година, кога му ја препушти позицијата на Мишел Платини.
„Ленард Јохансон е нашиот најголем фудбалски лидер на сите времиња“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Шведска, Карл – Ерик Нилсон.
Се збогува и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Срцето ми е скршено од оваа вест. Тој беше голем лидер, но и вистински пријател и преродбеник. Засекогаш ќе бидам благодарен на помошта што ја имав од претседателот на УЕФА кога се приклучив на организацијата во 2000 година“, изјави Џани Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА