Почина Маурицио Зампарини, поранешниот претседател на Палермо

Почина поранешниот претседател на Палермо, Мауруцио Зампарини. Тој беше на чело на тимот од 2002 до 2018 година, кога го продаде симболично, за 10 евра. Во негова ера во тимот играа многу добри фудбалери, кои подоцна зачекорија на големата европска сцена како што се Кавани, Бароне, Гросо, Пасторе, Дибала, Иличиќ, Тони, Барѕаљи…

Во неговата ера за Палермо настапуваа и македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски. Беше познат по честото менување на тренери на кормилото на Палермо, и нивно враќање. Тимот под негова капа играше и во Европа, три пати се пласираше во групната фаза во Купот на УЕФА/Лига на Европа.

Беше и активен во олитиката во 2011 година, а учествуваше и на изборите во 2012 година.

На крајот на минатата година му беше направена итна операција во Удине.

Се вчитува...