Почина млад еквадорски фудбалер

Трагична вест доаѓа од Еквадор каде е објавено дека почина младиот фудбалер Марко Ангуло.

Станува збор за млад фудбалер на 23 годишна возраст. Ангуло пред повеќе од еден месец беше дел од страшна сообраќајна несреќа. Во последните 35 дена се бореше за живот во еквадорска болница, а сега подлегна на повредите.

Ангуло беше член на ЛДУ Кита, а запиша и три настапи за А тимот на оваа земја. Претходно настапуваше за Индепендиенте делаљ Вале со кој ја освои Копа Либертадорес за играчи до 20 години.

Се вчитува...