Младата швајцарска велосипедистка Мириел Фирер почина по падот кој го имаше вчера за време на Светското првенство за јуниори во Цирих.
Меѓународната велосипедска унија соопшти дека 18-годишната Мириел Фирер вчера била итно пренесена во болница со сериозна повреда на главата и дека е во „многу критична“ состојба.
„Мириел Фирер почина денеска во Универзитетската болница во Цирих“, се вели во соопштението и се додава дека е отворена истрага бидејќи било потребно време за да се пронајде повредената спортистка.
Точното место на несреќата не е прецизирано, но локалните медиуми јавуваат дека таа паднала на патека во шума во близина на езеро во Цирих во момент кога силен дожд го погоди овој град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА