Почина момчето кое ја запали олимпијката Чептегеи

Почина и Диксон Ндиема, кој беше обвинет дека ја запали атлетичарката од Уганда Ребека Чептегеи. Чептегеи почина пред неколку дена откако се здоби со изгореници од над 80 проценти. Според извештаите, Ндиема ја поли својата поранешна девојка со бензин, а потоа ја запали.

Самиот имал изгореници од 30 проценти, по што му се влошила состојбата и тој почина.

Нејзиниот татко Џозеф Чептегеи ја обвини полицијата дека не реагирала порано. Тој откри дека спорот меѓу неговата ќерка и нејзиното поранешно момче започнал пред многу месеци, а ова не била прва закана по животот на маратонката. Погребот на Чептегеи ќе биде во сабота во Уганда.

Се вчитува...