Почина најпознатиот руски сумо-борач

Рускиот сумо-борач и член на Гинисовата книга на рекорди, Џамбулат Хатохов, почина на 22-годишна возраст.

Причините за смртта не се наведени, но локалните медиуми пренесуваат дека Хатохов во последните месеци имал сериозни проблеми со бубрезите.

Хатохов во 2003 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најтешко дете на светот. Тој на две години тежеше 34 килограми, а на 13-годишна возраст имаше дури 180 килограми, по што почна кариера во сумо-борењето.

Се вчитува...