Тажна вест пристигнува од Франција, каде почина поранешниот велосипедист Шарл Кост, кој беше највозрасен олимписки шампион. Смртта на Кост ја потврди Министерката за спорт на Франција, Марина Ферари, испраќајќи сочувство до семејството на легендарнито спортист.
Кост освои златен медал на ОИ во Лондон во 1948 година во велосипедската дисциплина „екипна потера“. Тој минатото лето беше и дел од цеемонијата при пренесувањето на олимпискиот факел пред отворањето на ОИ во Париз.
„Со голема тага ја примивме веста за смртта на Шарл Кост, олимпискиот првак од Лондон. Со своите 101 година тој остави зад себе огромно спортско наследство “, објави француската министерка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

